ИНЕЛСОЛАР е филијала на компанијата ИНЕЛ ТЕХНИК ДООЕЛ која е основана во 2002 година како претпријатие за проектирање и инженеринг во областа на телекомуникациите. Покрај мрежните решенија, на телекомуникацискиот пазар секогаш му беа потребни решенија за енергетска ефикасност, стабилност и независност, поради што компанијата започна со развој на системи за производство на електрична енергија од обновливи извори, како и системи за непрекинато напојување.
Нашето претходно долгогодишно искуство на телекомуникацискиот пазар и ИКТ секторот нè научи на важноста на квалитетните решенија за енергетска ефикасност и стабилност, при што тестиравме и имплементиравме многу од решенијата во нашите сопствени мрежи и дата центри, што ни дава знаење и самодоверба да ги понудиме комерцијално и да ги одржуваме во врвна состојба и кај други клиенти на пазарот.
Основни вредности на нашата компанија се едукацијата и професионалната надградба на нашите вработени, воспоставените партнерски односи со водечки производители на опрема, стремежот кон иновации и технолошки развој, како и нашето долгогодишно искуство на енергетскиот и телекомуникацискиот пазар.
Нашата главна мисија е обезбедување енергетска ефикасност, економичност, стабилност, независност и автоматизација во широк спектар на сценарија за поединци, претпријатија и правни лица, со примарна цел задоволството на клиентите преку нудење опрема и услуги од врвни производители и искусен професионален тим со најдобар сооднос цена/квалитет.