ИНЕЛ ТЕХНИК ДООЕЛ Кавадарци
За нас:
Фирмата е основана 2002 година како претпријатие за проектирање и инженеринг од областа на телекомуникациите . Првенствено се занимава со проектирање, продажба и изведба на заеднички антенски, сателитски и кабловски системи.
Од 2008 отпочнува и со изработка на софтвер ( BIPOL) за управување, надзор и контрола на сервисите во HFC, FTTx кабелските мрежи, пред се во DOCSIS опкружување. При тоа во почетокот, посебен акцент е ставен на Интернет и Воип сервисот, а покасно и на дигиталните ТВ сервиси ( ДВБ-Ц) и системите за кодирање ( CONAX, Best cas...). Сето тоа е интегрирано со систем за финансијско работење и сервисирање на корисничките технички барања преку Т.Н. "ticket" систем.
Потребите на кабелските оператори и искуството на инженерскиот кадар во фирмата само посебе доведоа до решенија за заштита на податоците ( backup), но и енергетскa стабилност и независност.
Од тоа произлезе, најнапред за сопствени потреби, а сега веќе и за поширокиот пазар, разработка на системи за производство на струја од сончева енергија ( PV) . Покрај личната стручна надградба успешно се воспоставени партнерски односи со Yinglisolar - водечкиот производител на панели во светот и секогаш еден од првите три по квалитет, Victronenergy, Steca и Power one како врвни производители на потебните електронски уреди ( Invertori, kontroleri, chargeri , baterii и друго) и Renosolar- водечка фирма за соларни инсталации во ЕУ . Квалитетот резултира со гаранција за електронската опремата 5-10 години ( зависно од елементите) 25 години ( !!!) за соларните панели и век на траење од 40 години (!!!).
Сето тоа е заокружено со алуминиумски системи за монтажа на панелите од Wuerth i Alumil и искусната монтажерска екипа .
На овој начин ИНЕЛ ТЕХНИК ( Инел солар група) Ви нуди мрежни ( GRID ) и независни (off grid ) по принципот „клуч на рака„ проследени со комплетен технички преглед и пресметка на статистички очекуваното производство и финансијска анализа на исплатливоста на проектот.
За производните системи поврзани во дистрибутивната мрежа , заеднички со YINGLISOLAR испораката е проследена со осигурување на производството во Loyd.
Инел Техник нуди опрема и услуги со врвен квалитет и истовремено извонреден однос цена/квалитет прилагоден за Македонскиот пазар.
Наша девиза е испорачаната соларна опрема да предизвикува „сончеви насмевки„ и задоволство кај корисниците и долги години максимално користење на опремата.
Кавадарци
Август 2014 Душко Сапунџиев дипл.ел.инг